Вонредна ревизија на МБИД
понеделник, 10 септември 2007
Имајќи ги предвид вонредно големите флуктуации на цената на обичните акции издадени од Македонска банка АД Скопје, кои се елемент на Индексот на јавно поседувани друштва-МБИД, Комисијата за берзански индекс заклучи дека е потребна вонредна ревизија на МБИД. Од причина што МБИД е ценовен непондериран индекс, ценовните флуктуации на акциите на Македонска банка АД Скопје влијаеа на енормни промени на вредноста на МБИД. Имајќи го предвид наведеното, Комисијата за берзански индекс заклучи акциите издадени од Македонска банка АД Скопје привремено да се исклучат од Индексот на јавно поседувани друштва МБИД, бидејќи движењата на МБИД предизвикани од ценовните флуктуации на акциите на Македонска банка АД Скопје не ги прикажуваат реалните пазарни движења на Пазарот на јавно поседувани друштва. Воедно, Комисијата за берзански индекс заклучи вредноста на Индексот на јавно поседувани друштва-МБИД на 10.09.2007 година да се прекалкулира не земајќи ги предвид ценовните движења на акциите на Македонска банка АД Скопје на 10.09.2007 година.