Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 10 август 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 09.08.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-190 сопствени обични акции по цена од 41.866 денари за една акција, преку 6 трансакции,
-10 сопствени обични акции по цена од 40.000 денари за една акција, преку 1 трансакција.
На 09.08.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на:
-80 сопствени обични акции по цена од 2.399 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 09.08.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Бетон АД Скопје – 3 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 183 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 22 обични акции,
-ЕМО АД Охрид – 43 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 497 обични акции.