Вонредна ревизија на индексот ОМБ
среда, 10 јули 2019

На 10.07.2019 година Комисијата за берзански индекс изврши вонредна ревизија на индексот ОМБ.

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11), Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација-Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација Четиринаесетта емисија (RMDEN14) Обврзниците за денационализација - Петнаесетта емисија (RMDEN15), Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16),  Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17) и Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18).
 
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 11.07.2019 година.
 
Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2019 година.