Престанок на членство на Централна кооперативна банка АД Скопје
среда, 10 јули 2013
Согласно Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за престанување на статусот членка на Берзата на Централна кооперативна банка АД Скопје почнувајќи од 10.07.2013 година, врз основа на донесени одлуки од соодветни органи на банката за престанок на вршење на услуги со хартии од вредност, како и согласно Решение на Комисијата за хартии од вредност број УП 08-111 од 02.07.2013 година со кое трајно се одзема дозволата за работа на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје.