Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 09.06.2005 година
петок, 10 јуни 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 09.06.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции: - Инвестбанка АД Скопје изврши продажба на 115 сопствени обични акции, по цена од 2.648 денари за една акција, преку 1 трансакција. Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 09.06.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство): - Гранит АД Скопје - 298 обични акции.