Ревидиран извештај за 2003 година на Винка АД Виница
четврток, 10 јуни 2004
Винка АД Виница до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 33.896.000 денари. Вкупната актива на Винка АД Виница на 31.12.2003 година изнесува 152.701.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 140.091.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Винка АД Виница може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.