Ревидиран извештај за 2003 година на Макпромет АД Штип
четврток, 10 јуни 2004
Макпромет АД Штип до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило загуба во износ од 18.687.000 денари. Вкупната актива на Макпромет АД Штип на 31.12.2003 година изнесува 299.240.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 128.640.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Макпромет АД Штип може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.