Ревидиран извештај за 2003 година на Карпош АД Скопје
четврток, 10 јуни 2004
Карпош АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 63.396.000 денари. Вкупната актива на Карпош АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 854.715.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 88.061.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Карпош АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.