Вонредна ревизија на ОМБ
понеделник, 10 мај 2010

 

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс на 10.05.2010 година изврши вонредна ревизија на ОМБ, со која, Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (РМДЕН09) беа вградени како елемент на индексот, имајќи ја предвид нивната голема ликвидност од денот на котацијата, а со цел ОМБ соодветно да го прикажува движењето на цените на обврзниците котирани на Официјалниот пазар на Македонска берза.
 
Согласно наведеното, Комисијата определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови (РМ01), Обврзниците за денационализација-Прва емисија (РМДЕН01), Обврзниците за денационализација-Втора емисија (РМДЕН02), Обврзниците за денационализација-Трета емисија (РМДЕН03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (РМДЕН04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (РМДЕН05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (РМДЕН06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (РМДЕН07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (РМДЕН08) и Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (РМДЕН09).

 

 
Согласно Методологијата, според учеството на секоја обврзница-елемент на индексот во вкупното тргување со обврзници во периодот 10.02.2010-10.05.2010, Комисијата го утврди влијанието на секој елемент на ОМБ врз движењето на индексот, при што влијанието на ниту еден елемент не смее да надминува 30%.