Известување од Европа АД Скопје
вторник, 10 мај 2005
Европа АД Скопје известува дека на 14.05.2005 година (сабота) во 10:00 часот ќе се одржи редовно годишно собрание на друштвото со следниот дневен ред:
- Избор на верификациона комисија од три члена;
- Извештај на Генералниот директор за работењето на Европа АД Скопје за 2004 година;
- Извештај од верификационата комисија;
- Усвојување на записникот од Единаесеттото редовно Собрание на друштвото;
- Разгледување и усвојување на годишната сметка со извештајот за работењето на друштвото за 2004 година;
- Извештај за економско финансиската ревизија на Европа АД Скопје од страна на ревизорската куќа;
- Извештај од работата на Управниот одбор и Надзорниот одбор на Европа АД Скопје за 2004 година;
- Одлука за измена и дополнување на Статутот на друштвото;
- Донесување на Деловник за работа на Собранието;
- Избор на членови на Надзорен одбор.
Воедно, Европа АД Скопје известува дека не е предвидено исплаќање на дивиденда за 2004 година.