Ревидиран извештај за 2003 година на Витаминка АД Прилеп
понеделник, 10 мај 2004
Витаминка АД Прилеп до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 42.978.000 денари. Вкупната актива на Витаминка АД Прилеп на 31.12.2003 година изнесува 805.673.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 433.475.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Витаминка АД Прилеп може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.