Известување од Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци
понеделник, 10 мај 2004
Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци достави известување до Македонската Берза дека на 07.05.2004 година до Управниот одбор на Друштвото е доставен Проспект за откуп на обични акции на ВВ Тиквеш АД Кавадарци.
Проспектот е доставен од страна на М6 Светлана и останати ДОО Скопје и се однесува на 64.667 обични акции издадени од ВВ Тиквеш АД Кавадарци. Цената по која понудувачот се обврзува да ги откупи акциите е 1.000,00 денари по акција. Датум на отпочнување на понудата за откуп е 07.05.2004 година, а датум на завршување на рокот за прифаѓање на понудата за откуп е 06.06.2004 година.
Понудата за откуп се прифаќа со писмена изјава за прифаќање на понудата од страна на имателите на хартиите од вредност во рокот предвиден за прифаќање на понудата.
Брокерската куѓа која ја дава понудата во име на понудувачот е Макос-Инвестброкер АД Скопје.