Понеделник, 10 март 2014 година, Преку симболично означување на тргувањето со удирање на ѕвоното во Македонската берза од страна на најдобриот ученик во Средното Економско-правно училиште ,,Васил Антевски -Дрен од Скопје се одбележа Глобалната недела на пари во нашата земја.
Овој настан е дел од активностите што Координациското тело за финансиска едукација ги презема како дел од светската недела на пари, која пак е во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth finance international.) Оваа година Глобалната недела на пари се одржува од 10 до 17 март, а учество ќе земат околу 2 милиони деца од над 100 земји во светот. Сите тие ќе се вклучат во активностите кои ќе бидат организирани од над 500 институции и организации.
Пред присутните во Македонската берза, обраќање имаа:
Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје;
М-р Димитар Богов, Гувернер на Народната банка на Република Македонија;
М-р Зоран Ставрески, Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии.
М-р Димитар Богов, Гувернер на Народната банка на Република Македонија;
М-р Зоран Ставрески, Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии.
На учениците во Македонската берза им се овозможи да тргуваат на Виртуелната берза, едукативен портал на Македонската берза, а оној кој по еден месец тргување ќе оствари највисока вредност на своето портфолио Берзата ќе му додели награда - бесплатна обука за принципите на пазарите на капитал.