Нов учесник во тргувањето на Македонска берза АД Скопје
петок, 10 март 2006
Врз основа на Одлуката донесена од страна на Одборот на директори на својата XXI седница одржана на 27.02.2006 година, брокерската куќа ИНОВО БРОКЕР АД Скопје се стекна со статус учесник во тргувањето на Македонската берза АД Скопје. Брокерската куќа ИНОВО БРОКЕР АД Скопје започна со тргување на 08.03.2006 година.