Трајно исклучување од членство на членката МАК БРОКЕР АД Скопје
понеделник, 10 декември 2007
Врз основа на член 19 алинеа 5 и алинеа 7 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно задолжувањето од Решението бр.08-3537/1 на Комисијата за хартии од вредност донесено на 26.11.2007 година, Одборот на директори на Берзата на својата седница одржана на ден 07.12.2007 година донесе Одлука бр.02-2780/1 за трајно исклучување од членство во Берзата на членката МАК БРОКЕР АД Скопје.
Со трајното исклучување од членство, членката МАК Брокер АД Скопје го губи статусот и правата на членка на Берзата, додека правата на другите членки кон МАК Брокер АД Скопје кои се стекнати пред нејзиното исклучување, како и правата на Берзата по однос на нерегулираните финансиски обврски на МАК Брокер АД Скопје, остануваат во сила.