Откуп и продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 09.12.2004 година
петок, 10 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 09.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 183 сопствени обични акции, по цена од 1.890 денари за една акција, преку 3 трансакции.
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 300 сопствени обични акции, по цена од 2.650 денари за една акција, преку 1 трансакција.
На 09.12.2004 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 498 сопствени обични акции, по цена од 2.120 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 09.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Технометал-Вардар АД Скопје – 10 обични акции;
- ВВ Тиквеш АД Кавадарци – 15 обични акции.