Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 06.01.2005 година
понеделник, 10 јануари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 06.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.409 сопствени обични акции, и тоа:
o 21 акции по цена од 1.998 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 1.388 акции по цена од 1.999 денари за една акција, преку 5 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 06.01.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Охридска банка АД Охрид – 15 обични акции.