Известување од Комерцијална банка АД Скопје
четврток, 01 септември 2005
Во врска со порастот на цената на обичните и приоритетните акции на Комерцијална банка АД Скопје, раководството на банката достави известување до Македонската Берза во кое истакнува дека не поседува одредена ценовно чувствителна информација која би можела да има влијание на движењето на цената на акциите. Раководството на Комерцијална банка АД Скопје смета дека порастот на цената на акциите е резултат на објавените податоци за резултатите од работењето на Банката во првите 6 месеци во 2005 година. Остварените финансиски резултати во првите 6 месеци на 2005 година, и покрај тоа што се намалени во споредба со првите 6 месеци од 2004 година кои беа резултат во одреден дел на вонредни приходи, потекнуваат од редовното работење и се резултат на континутетот, стабилноста и профитабилноста на работењето на Банката во 2005 година. Исто така, порастот на цените на обичните и приоритетните акции издадени од Комерцијална банка а.д. Скопје најверојатно се должи на моменталната пазарна состојба на редуцирана понуда што дополнително влијае на нивниот пораст.