На 30 јуни 2015 година заврши вториот циклус од наградната игра што се организираше во рамките на едукативниот портал на Македонската берза Виртуелна берза. Вториот циклус започна во октомври 2014 година и во оваа игра на знаење беа вклучени повеќе од 300 учесници кои преку Виртуелната берза стекнаа практично искуство од тргувањето со хартии од вредност.
На секој регистриран учесник му беа доделени 500.000 денари виртуелни пари со кои виртуелно се купуваа акции што котираат на Македонската берза по реални цени постигнати од тргувањето на Македонската берза. Покрај едукативниот карактер, оваа игра имаше за цел кај секој учесник да стимулира остварување на најголема вредност на своето портфолио.
По завршувањето на вториот циклус на Виртуелната берза најуспешен учесник е Вилијам Лајмановски од Битола кој во текот на повеќемесечното виртуелно тргување успеа иницијално добиените 500.000 денари да ги инвестира во различни акции и играта да ја заврши со највисока вредност на своето портфолио од 8.518.656 денари. На второ место е учесникот Благоја Трајкоски од Прилеп со остварена вредност на портфолио од 7.132.949 денари, додека трет најуспешен учесник е Драган Даниловски од Скопје кој постигнал вредност од 5.434.100 денари на портфолиото.
Македонската берза на тројцата најуспешни учесници ќе им додели соодветни награди кои се состојат во годишна претплата на продуктот Бестнет за следење на тргувањето на Македонската берза во живо, посета на една од обуките во рамките на Тренинг центарот на Македонска берза (по избор на добитникот), доделување на Прирачник за тргување со хартии од вредност, како и можност за едномесечна пракса на Берзата доколку добитниците се студенти на додипломски или постдипломски студии.