Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 30.06.2011 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од РЖ Економика АД Скопје.
Акциите издадени од РЖ Економика АД Скопје се исклучуват од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза, на барање на издавачот, согласно Одлуката на Собранието на акционери на друштвото.
Акциите издадени од РЖ Економика АД Скопје ќе бидат префрлени на Редовниот пазар на Македонската берза на подсегментот Пазар на акционерски друштва со посебни обврски за известување почнувајќи од 04.07.2011 година (Понеделник).
Исклучување од котација на акциите издадени од РЖ Економика АД Скопје
петок, 01 јули 2011