Ве известуваме дека од 15.07.2011 година започнуваат со примена измените и дополнувањата на Правилата за тргување, врз основа на Одлука бр. 02-650/1 на Одборот на директори на Македонската берза од 14.04.2011 година и Решение бр.08-УП1-55 на Комисијата за хартии од вредност на РМ од 27.05.2011 година.
Измените и дополнувањата на Правилата за тргување во најголем дел се однесуваат на воведување на поддржувачи на ликвидност (market maker-и), со додавање на нова глава IV-1, со девет нови членови, од член 51-а до член 51-з.
Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 30.06.2011 година донесе и Одлуки кои се однесуваат на воведување на поддржувачи на ликвидност.
1.Одлука за утврдување на критериумите и ликвидните нивоа за распределба на хартиите од вредност по групи;
2. Одлука за утврдување на условите за членка на Берзата да може да добие статус поддржувач на ликвидност;
3. Одлука за утврдување на условите кои треба да ги исполнат поддржувачите на ликвидност;
4. Одлука за престанок на дневната обврска на поддржувачот на ликвидност; и
5. Одлука за утврдување на бројот на трговски денови во еден месец и процентот на исполнување во однос на вкупното траење на тргувањето во тој месец.
Воедно беше донесена и Одлука за измени и дополнување на Одлуката за критериумите за распоредување на хартии од вредност во режими на тргување со која се воведе условот дека хартија од вредност која има поддржувач на ликвидност автоматски се распоредува во режим на континуирано тргување.
Пречистениот текст на Правилата за тргување и Одлуките за поддржувачите на ликвидност можете да ги преземете од интернет страницата на Македонската берза - www.mse.com.mk, преку следниов линк
Измени и дополнувања на Правилата за тргување
петок, 01 јули 2011