Котација на Четиринаесеттата емисија на обврзници за денационализација
понеделник, 01 јуни 2015

На седницата одржана на 28.05.2015 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Четиринаесетта емисија на обврзници за денационализација. 
Четиринаесетта емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики: 
- Вид на хартијата од вредност: Четиринаесетта емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива; 
- Издавач: Република Македонија; 
- Вкупен износ на емисијата: 9.500.000 евра; 
- Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро; 
- Број на издадени обврзници во емисијата: 9.500.000; 
- Датум на издавање: 01.06.2015 година; 
- Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 01.06.2015 година; 
- Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2025 година; 
- Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2016 година; 
- Почеток на тргување со обврзниците:03.06.2015 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза; 
- ИСИН:MKMINF200DE0; 
- Шифра за тргување на Берзата:RMDEN14; 
- Распоред на тргување: Континуирано тргување.