Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 28.05.2015 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Жито Скопје АД Скопје, заради отворена стечајна постапка врз друштвото.
Акциите издадени од Жито Скопје АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 03.06.2015 година (Среда).
Исклучување од котација на акциите издадени од Жито Скопје АД Скопје
понеделник, 01 јуни 2015