Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 31.05.2005 година
среда, 01 јуни 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 31.05.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 243 сопствени обични акции, по цена од 2.200 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 31.05.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Благој Ѓорев АД Велес - 50 обични акции;
- Макпетрол АД Скопје - 34 обични акции;
- Гранит АД Скопје - 3.021 обични акции.