Макошпед АД Скопје: ревидиран извештај за 2004 година и одлука за дивиденда, Факом АД Скопје: ревидиран извештај за 2004 година
среда, 01 јуни 2005
Макошпед АД Скопје и Факом АД Скопје ги доставија ревидираните извештаи за 2004 година. Извештаите може да се најдат на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари. Воедно, Макошпед АД Скопје известува дека на Собранието на акционери е донесена Одлука за исплата на дивиденда за 2004 година во вкупен износ од 13.387.425 денари, од кои 581.000 денари е дивиденда на приоритетните акции на Фондот за ПИОМ , додека останатите 12.806.425 денари е вкупна дивиденда на обичните акции, односно 16,86 денари по акција.