Ревидиран извештај за 2003 година на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје
вторник, 01 јуни 2004
Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот консолидиран финансиски извештај за 2003 година. Консолидираниот биланс на успех за 2003 година покажува загуба во износ од 15.001.000 денари. Вкупната консолидирана актива на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 618.036.000 денари, додека вкупните консолидирани обврски изнесуваат 276.458.000 денари.
Доставениот ревидиран консолидиран финансиски извештај на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје информира дека дивидендата за 2003 година изнесува 40,00 денари по акција и тоа 25% во пари и 75% во акции. Согласно одлуката за издвојување на Статутарни резерви за зголемување на основната главнина со средства на друштвото, а за исплата на дивиденда во акции, за оваа цел се издвојуваат 6.068.700 денари од добивката за 2003 година. Со тоа ќе бидат издадени нови 3.960 акции на постојните иматели на акции, сразмерно со нивните удели во главнината на друштвото.
Собранието на Друштвото, на седницата одржана на 22.05.2004 година донесе одлука за распределба на добивката за 2003 година на следниот начин:
- Законски резерви: 1.469.410 денари,
- Статутарни резерви по член 92: 235.268 денари,
- Дивиденда во акции:
o за приортиетни акции за ПИОМ: 422.970 денари,
o за обични акции: 5.645.730 денари,
- Дивиденда во пари:
o за приортиетни акции за ПИОМ: 141.020 денари,
o за обични акции: 1.881.670 денари.