Ревидиран извештај за 2003 година на ОХИС АД Скопје
вторник, 01 јуни 2004
ОХИС АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 2.827.000 денари. Вкупната актива на ОХИС АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 6.334.933.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 2.249.182.000 денари. Доставениот ревидиран финансиски извештај на ОХИС АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.