Ревидиран извештај за 2003 година на ГТД Бетон АД Штип
вторник, 01 јуни 2004
ГТД Бетон АД Штип до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 24.160.000 денари. Вкупната актива на ГТД Бетон АД Штип на 31.12.2003 година изнесува 182.956.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 79.332.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на ГТД Бетон АД Штип може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.