20 години од првото берзанско ѕвоно
петок, 01 април 2016
  
Јубилејот 20 години од првото берзанско ѕвоно, Македонска берза АД Скопје го одбележа со свечена академија која се одржа на 28 март 2016 година во хотелот А. Палас во Скопје пред голем број присутни гости од земјата и странство, претставници од финансискиот и бизнис секторот и регулаторните тела.
 
За време на настанот беше  прикажана премиерно видео монографијата „20 години Македонска берза“.  Видео монографијата може да ја погледнете на следниов линк.
 
 
 
 
За време на свеченоста на одреден број правни и физички лица Берзата им додели соодветни плакети и тоа:
 
 
Котирани друштва со најголем остварен промет  во изминатите 20 години:

I (прво место) Комерцијална банка АД Скопје
II (второ место) Алкалоид АД Скопје
III (трето место) Макпетрол АД Скопје
 
  
Членки со најголем број трансакции и со најголем промет  во изминатите 20 години:

I (прво место) Комерцијална банка АД Скопје
II (второ место) НЛБ Тутунска банка АД Скопје
III (трето место) Илирика Инвестментс АД Скопје
  
 
Овластен брокер во тргувањето на Македонска берза во континуитет 20 години:

- Лидија Трајковиќ
- Кирил Митревски
- Зоран Трифуновски
  
За успешна соработка :

- Комисија за хартии од вредност на Р.Македонија
- Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје
- Загребска берза
- Љубљанска берза
- Бугарска берза
- Белградска берза
На крајот на настанот се одржа и пригоден коктел, а на присутните гости им беше поделена и печатена монографија „20 години Македонска берза“. Печатената монографија може да ја превземете на следниов линк.

Повеќе фотографии од настанот може да погледнете на следниов линк