Реплек АД Скопје преку СЕИ-НЕТ објави одлуки од Собрание на акционери. Имајќи го предвид објавеното известување, исполнети се условите да продолжи тргувањето со акциите издадени од Реплек АД Скопје.
Тргувањето со акците на Реплек АД Скопје беше времено прекинато поради необјавувањето на содржината на одлуките на Собранието на акционери преку СЕИ-НЕТ, согласно правило 6.09 точка 7 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје.
Тргувањето со акциите издадени од Реплек АД Скопје продолжува во 11:20 минути и во периодот од 5 минути (11:15 до 11:20) пред времето на продолжување на тргувањето со хартијата од вредност, преминува од состојба "суспендирана" во "задржана".