Ревидиран извештај за 2003 година на Комерцијална банка АД Скопје
четврток, 01 април 2004
Комерцијална банка АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Банката за 2003 година остварила добивка во износ од 224.627.000 денари. Вкупната актива на Комерцијална банка АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 30.069.686.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 26.701.189.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Комерцијална банка АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.