Продолжување на јавните берзански аукции
четврток, 01 април 2004
Во петок, 02.04.2004 година, со понудата на акции и удели во сопственост на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија продолжува организирањето на јавни берзански аукции на акции и удели во сопственост на државните институции.
Фондот на ПИОМ за продажба ќе понуди свои акции во 41 акционерско друштво и удели во 8 друштва со ограничена одговорност. Акциите и уделите, кои веќе беа понудени за продажба, ќе се понудат со почетна продажна цена за 40% пониска од нивната номинална вредност, исклучиво за плаќање во готово.