Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 28.02.2022 година ОИЛКО КДА Скопје изврши откуп на 740 сопствени обични акции по цена од 6.000,00 денари за една акција, преку една системска блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 28.02.2022 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:
-Уготур АД Скопје – 28 обични акции
-ЗК Пелагонија АД Битола – 78 обични акции
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 26 обични акции
-Либерти АД Скопје – 838 обични акции
-Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје – 503 обични акции
-Макстил АД Скопје – 578 обични акции
-РЖ Техничка Контрола АД Скопје – 964 обични акции