Ве известуваме дека по поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 04.03.2019 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 340.180.000 МКД.
Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.