Неревидиран Биланс на успех за 2004 година на Комерцијална банка АД Скопје и предлози од УО до Собрание
вторник, 01 март 2005
Комерцијална банка АД Скопје го достави неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.12.2004 година.
Билансот може да се најде на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Комерцијална банка АД Скопје информира за следното:
- Собранието на акционери на Комерцијална банка АД Скопје ќе се одржи на 23.03.2005 година;
- Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, заради усогласување со Законот за трговски друштва, му предлага на Собранието на Банката Одлука за измена на Статутот, во која покрај другото се предлага да се изврши изедначување на номиналната вредност на обичната акција со номиналната вредност на приоритетната акција во износ од 1.000,00 денари, односно да се изврши поделба на номиналниот износ на обичната акција. Замената на постојните обични акции ќе се изврши во сооднос 5 нови за секоја постојна 1 обична акција;
- Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје му предлага на Собранието на Банката дивидендата за 2004 година на 1 приоритетна акција да изнесува 9,6 % во однос на нивната номинална вредност, а дивидендата за 1 обична акција да изнесува 9,6 % во однос на нивната номинална вредност.
- Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје му го предлага на Собранието на Банката следниот дивиденден календар на Комерцијална банка АД Скопје:
o Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година е 05.04.2005 година;
o Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година е 06.04.2005 година;
o Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право да добијат дивиденда за 2004 година е 08.04.2005 година;
o Исплатата на дивиденда за 2004 година ќе започне на 18.04.2005 година.