Неревидиран Биланс на успех за 2004 година на Алкалоид АД Скопје и планирани резултати за 2005 година
вторник, 01 март 2005
Алкалоид АД Скопје го достави неревидираниот биланс на успех за периодот 01.01.-31.12.2004 година.
Билансот може да се најде на интернет страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, Алкалоид АД Скопје информира дека за 2005 година планира да оствари вкупен приход во износ од 3.439.225.000 денари, од кои 1.804.115.000 денари од продажба на домашен пазар и 1.635.110.000 денари од извоз, при што е планирано остварување на добивка во износ од 458.197.000 денари. Планираните инвестиции на Алкалоид АД Скопје за 2005 година се 405.000.000 денари.