Акциите на четири друштва се исклучуваат од котација на 04.03.2005 година
вторник, 01 март 2005
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 28.02.2005 година, согласно точка 9.06 од Правилникот за котација на хартии од вредност, донесе Одлуки за исклучување од котација на акциите на:
- ГД Тиквеш АД Кавадарци,
- Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје,
- Трикотажа Пелистер АД Битола и
- Фабрика за кабли АД Неготино.
Согласно член 16 од Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност (Службен весник на Р.М. бр.85 од 31.12.2003 година), на 31.12.2004 година истече обврската за задолжителна котација на друштвата кои ги исполнуваат условите за котација наведени во Правилникот за котација на хартии од вредност, поради што Македонската Берза побара од котираните друштва да се изјаснат дали имаат намера нивните акции и понатаму да се наоѓаат на Берзанска котација. ГД Тиквеш АД Кавадарци, Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје, Трикотажа Пелистер АД Битола и Фабрика за кабли АД Неготино се изјаснија дека немаат намера нивните акции понатаму да бидат котирани на Официјалниот пазар на Македонската Берза.
Акциите на овие друштва ќе бидат исклучени од котација на 04.03.2005 година. Од 07.03.2005 година со акциите издадени од ГД Тиквеш АД Кавадарци, Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје, Трикотажа Пелистер АД Битола и Фабрика за кабли АД Неготино ќе може да се тргува на Неофицијалниот пазар на Берзата.