Привременото исклучување од членство во Берзата на членката Делта брокер АД Скопје
понеделник, 01 февруари 2010
Ве известуваме дека членката Делта брокер АД Скопје привремено се исклучува од членство во Берзата поради неисполнување на континуираниот услов за членство пропишан во член 10, став 1, алинеа 5 од Правилата за членство на Берзата, согласно кој членката во секое време мора да има вработено најмалку двајца брокери со дозвола од Берзата за пристап до БЕСТ системот во редовен работен однос.
 
Привременото исклучување од членство во Берзата на членката Делта брокер АД Скопје ќе почне да се применува од ден 01.02.2010 година и истото е со времетраење до целосно исполнување на континуираните услови за членство во берзата.