Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 31.01.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-50 сопствени обични акции по цена од 7.951 денари за една акција, преку 4 трансакции;
-30 сопствени обични акции по цена од 7.990 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 31.01.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-10 сопствени обични акции по цена од 48.499 денари за една акција, преку 3 трансакции;
-99 сопствени обични акции по цена од 48.500 денари за една акција, преку 6 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 31.01.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-АДГ Маврово Скопје – 51 oбични акции;
-ТТК банка АД Скопје – 2 oбични акции;
-Гранит АД Скопје – 667 oбични акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
петок, 01 февруари 2008