Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 31.01.2005 година
вторник, 01 февруари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 31.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.000 сопствени обични акции, и тоа:
o 200 акции по цена од 2.048 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 800 акции по цена од 2.049 денари за една акција, преку 3 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 31.01.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје - 208 обични акции.