Известување од РЖ Институт АД Скопје
вторник, 01 февруари 2005
РЖ Институт известува за планираните активности на друштвото во 2005 година:
1.ПЛАНИРАНА РЕАЛИЗАЦИЈА
- Се планира зголемување на обемот на производство, пред се поради зголемениот обем на производство на алуминиумски легури. Реализацијата од производство се планира да изнесува157,23 мил. ден - во 2004 год. изнесуваше 76,04 мил.ден.
- Планираната реализација од трговска стока во 2005 год. е 37,1 мил. ден, а во 2004 година изнесуваше 95,4 мил.ден. Намалувањето се должи на намалените количини на железна коварина за потребите на АД Силмак, но се прават напори за изнаоѓање на нови извори на набавка на оваа суровина.
- Планираната реализација од услуги и истражувања е околу 1мил.ден.Овие активности се во зависност од потребите на рударските капацитети во врска со истражувања, анализи, мерења, изработка на елаборати, и сл. Со рестартирањето на рударските капацитети се очекува овие активности да се зголемат.
- Вкупниот обем на реализација во 2005 год се планира да изнесува 195,2мил.ден - во 2004 година изнесуваше околу 171,5мил.ден. При ова не е земено предвид можното пуштање во работа на варните печки Бањани. Евентуалното нивно рестартирање во последниот квартал ќе ја зголеми реализацијата за околу 20 мил. ден.
2. ПЛАНИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ
- Реконструкција на дел од варните печки, со изработка на проект за воведување на природен гас наместо мазут, вградување на системи за отпрашување и искористување на цврстиот отпад и воведување на современи системи за водење и контрола на технолошкиот процес.
- Се планира проширување на дејноста на фирмата и на производство на други обоени метали.
- Воведување на систем за прифаќање на отпадната топлина за загревање на просториите во зимскиот период и за топла санитарна вода во летниот период.Овој проект се работи во соработка со Министерството за екологија.