Известување од Димко Митрев АД Велес
вторник, 01 февруари 2005
Димко Митрев АД Велес известува за планираните активности во 2005 година:
Димко Митрев АД Велес планира во текот на 2005 год. да го продолжи своето нормално работење.
Целите што се очекуваат да се постигнат се следните :
- Да се обезбеди доволен вкупен приход за потполно покривање на сите трошоци од работењето.
- Да се обезбеди работа за сите вработени.
- Да се обезбеди редовна исплата на затекнатите плати.
- Да се намали вкупната задолженост за 5 %.
- Да се реализира понатамошен развој во сите сфери од работењето.
Ова треба да се обезбеди во услови на понатамошно продолжување на тешките услови на стопанисување.
Цената на кожата, која е берзанска категорија и во моментов достигна високо ниво, многу ќе допринесе за реализирање или не реализирање на планираното.
Исто така производството ќе биде обременето со ангажираните кредити и камати кои произлегуваат од нив.
За подобрување на успешното работење:
- ориентацијата на максимално производство за извоз за познаат купец ќе продолжи.
- треба да се стават под максимална контрола индиректните и материјалните трошоци, како би дошло до нивно намалување .
Потребата од инвестирање ќе биде ограничена во неопходни интервенции за одржување на потребната кондиција на производство .
Мора да се потенцира на се поизразената опасност во конкуренцијата која светскиот пазар ја прават одредени азиски земји , особено Кина , а на која секоја фирма извозник мора да планира.