Известување од АДГ Маврово Скопје
понеделник, 01 декември 2003
АДГ Маврово Скопје известува дека дел од резервираните акции за откуп, поради неплаќање од страна на акционерите, се пренесени на Агенцијата на РМ за приватизација и овие акции се објавени за продажба по пат на јавна берзанска аукција на 26.12.2003 година.
Моменталната структура на капиталот на друштвото е следна:
180.098 акции (72,55% од вкупниот број на акции на друштвото) – откупени акции и резервирани акции за откуп;
37.237 акции (15,00% од вкупниот број) – акции на Фондот на ПИОМ;
30.914 акции (12,45% од вкупниот број) – акции на Агенцијата на РМ за приватизација.