Одржана втората дебата на тема „Државите и пазарот на капитал“
вторник, 01 ноември 2016
 
На 01.11.2016 година (вторник) се одржа втората дебата во организација на Македонска берза АД Скопје и бизнис магазинот „Економија и бизнис“ насловена “Државите и пазарот на капитал“.

Учесниците во дебатата Ханес Такач, Помошник директор на Одделот за локална валута и развој на пазарите на капитал во ЕБОР, Томе Неновски, Професор на Универзитетот Американ колеџ, Скопје, Владимир Филиповски, Професор на Економскиот факултете при УКИМ, Скопје, Зоран Јовановски, сопственик на магазинот Економија и бизнис и Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје, меѓу другото, истакнаа дека за да се постигне еден континуиран раст и развој на пазарот на капитал треба да се утврдат долгорочните цели и стратегии, а тоа да биде потпомогнато и координирано од страна на едно заедничко координационо тело составено од претставници од регулаторни тела, институции и други значајни чинители од пазарот на капитал.

Видео снимката од целокупната дебатата можете да ја погледнете на следниов линк.