Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 01 ноември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 31.10.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 43 сопствени обични акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 31.10.2007 година Интернешенал Хотелс АД Скопје изврши откуп на 4.465 сопствени обични акции по цена од 381 денар за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 31.10.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 20 обични акции;
-Гранит АД Скопје – 46 обични акции;
-Тетекс АД Скопје – 47 обични акции;
-Алкалоид АД Скопје – 25 обични акции;
-Топлификација АД Скопје – 50 обични акции;
-КИБ АД Куманово – 23 обични акции;
-Комерцијална банка АД Скопје- 437 обични акции;
-Технометал Вардар АД Скопје – 24 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 168 обични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 20 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 5 обични акции;
-Макстил АД Скопје – 456 обични акции.