Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции на котирани друштва на 31.10.2005
вторник, 01 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 31.10.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-409 сопствени обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 2 трансакции;
-3.559 сопствени обични акции по цена од 42 денари за една акција, преку 20 трансакции;
На 31.10.2005 година Интернешенал Хотелс АД Скопје изврши откуп на 2.600 сопствени обични акции по цена од 600 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 31.10.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 541 обични акции,
-Тутунски Комбинат АД Прилеп – 134 обични акции.