Известување од ЗК „Пелагонија“ АД Битола
понеделник, 01 ноември 2004
ЗК „Пелагонија“ АД Битола известува дека Собранието на друштвото на 01.10.2004 година донело одлука преку Македонската Берза да се изврши продажба на откупените 22.000 сопствени акции. За спроведување на оваа одлука Собранието го задолжило Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“ АД Битола.
Во согласност со одлуката, Одборот на директори на 29.10.2004 година донел одлука за продажба на сопствените акции со посредство на Комерцијална банка АД Скопје. Почетната цена по која ќе се понудат акциите е определена на износ од 1.509 денари за една акција. Наведените акции ќе се понудат на продажба од 02.11.2004 година.