Македонска Берза АД Скопје за прв пат започна да објавува берзанскиот индекс
четврток, 01 ноември 2001
На 01.11.2001 година, Македонска Берза АД Скопје за прв пат започна да објавува берзанскиот индекс.Кратенката на берзанскиот индекс е МБИ (Македонски Берзански Индекс). Берзанскиот индекс е ценовен, непондериран индекс. Индексот ги содржи петте најликвидни акции, кои го исполнуваат критериумот за ликвидност т.е. да е тргувано 30% од вкупниот број на денови на тргување во последните 12 месеци. Во МБИ се вклучени акциите на најликвидното акционерско друштво од Првиот Официјален Пазар, Топлификација АД Скопје и акциите на четири акционерски друштва од Третиот Неофицијален Пазар, Макпетрол АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Европа АД Скопје. Иницијалната вредност на МБИ е 1000.