Внесување на издавачот Жито Полог АД Тетово на Листата за набљудување
четврток, 01 октомври 2026

Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Жито Полог АД Тетово на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Жито Полог АД Тетово на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради донесена одлука од Собранието на акционери на ова друштво за преобразба во друштво со ограничена одговорност.