Од денеска започнува вториот циклус на наградната игра на едукативниот портал на Македонската берза - ВИРТУЕЛНА БЕРЗА. Учесниците во играта ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во виртуелното тргување со хартии од вредност и да стекнат практично искуство од вложување во акции што се тргуваат на Македонската берза.
Виртуелната берза е замислена како игра на знаење во која целта е остварување на што поголема вредност на портфолиото што се креира со купување и продажба на акциите што котираат на Македонската берза со виртуелни пари доделени со самата регистрација.

Повеќе детали за правилата за играта, условите за користење, како и наградите што ќе се доделуваат на најуспешните корисници во Виртуелната берза можат да се најдат на следниот линк: http://www.mse.mk/mk/virtual-berza
Регистрација за учество во играта може директно да се направи преку линкот:
http://www.mse.mk/mk/virtual-berza/registration
http://www.mse.mk/mk/virtual-berza/registration